ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Во име на MSHOP.MK, се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите Купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга. Секој Клиент или Корисник кој има било какви прашања поврзани со личните податоци може да ги испрати преку електронска пошта на следнава електронска адреса [email protected] Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на Оперативниот менаџер, на кој му се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка. Давањето на лични податоци е одлука на Клиентот или Корисникот. Доколку Клиентот или Корисникот не ги обезбеди потребните задолжителни информации за одредена активност што е побарана, нема да му биде дозволено вклучување во таа активност, бидејќи без тие податоци активноста нема да биде технички изводлива.

Рок на чување на личните податоци

MSHOP.MK ги чува личните податоци на Клиентите кој се регистрирани на интернет страницата eKupi.mk во период додека се постигне целта за обработка, а тоа е период од моментот кога регистрацијата е активна и шест месеци по прекинување на регистрацијата на Клиентот, период во кој ќе бидат решени сите жалби од претходниот период. MSHOP.MK ги чува личните податоци на регистрираните Корисници кој примаат известувања за производи и промоции за период додека се постигне целта за обработката, а тоа е периодот до моментот кога регистрацијата е активна.
Shopping Cart
Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0